- За нас

- Охридски Бисери - Фамилија Талеви - Климент и син - Традиција повеќе од 80 години -

      Охрид има многу знаменитости и тоа не може да се опише накратко. Една од тие знаменитости е и Охридскиот Бисер, кој е надалеку популарен во Европа и светот. Многу е ценет зашто има природно потекло и е рачно изработен. Неговата изработка е уметност. Природните бисери траат 150 години, но Охридскиот Бисер трае вечно.
      Талеви е најпознатото семејство што се занимава со изработка на Охридски Бисери, традиција од 90 години. Презимето Талеви е синоним за уникатни, природни бисери. Бизнисот се пренесува од колено на колено, само од татко на син.
Охридски Бисери направени од фамилија Талеви
      Климент Талев (на сликата лево) го наследил семејниот бизнис во 1964 година, а во моментов занаетот за изработување охридски бисер го учи неговиот син Ване (на сликата десно), кој потоа ќе им го остави во наследство на своите два сина, Климент и Михаил.
Климент и Ване денска го водат бизнисот
-Климент Талев-
Продавницата на Климент и Ване
-Ване Талев-

      Фамилијарниот бизнис го почнале неговиот татко Ване (сликата десно) и Стрико му Михаил, кои во 1924 година од некој човек во Русија, за 25 наполеони купиле формула за правење бисер. Михаил од Витлеем купил материјали за изработка на бисери и така почнале да работат.
татко на Климент, Ване иноватор на Охр. Бисер
      Имотните луѓе почнале да купуваат од нив, зошто само богатите луѓе можеле да си ги дозволат бисерите. Во дуќанот доаѓале трговци, сопственици на банки, млади индустријалци и купувале бисери за свршениците и за сопругите. Тогаш бисерите не се викаа охридски. Тоа име го добија во 1935 година. Трговиците од Битола и од Скопје, кои најмногу купувале, кажувале дека одат во Охрид по бисер, да купат бисер во Охрид и така го добиле сегашното име – раскажува Талев.
     
продажба на Охридски Бисери 1935 год
      Охридските бисери се многу ценети и барани во светот. Тие се изработуваат од седеф и од школки, кои Талеви ги набавуваат од странство. Секое зрно бисер тие го изработуваат рачно, за што издаваат сертификати. Пред да почне со работа,Талев ги става зрната бисер на чепкалки и ги реди на дрвена штица долга еден метар. Секое зрно се премачкува со специјална емулзија, која е семејна тајна.
      Работиме само со природни материјали. Дури и четчето со кое ги премачкувам бисерите е изработено од влакна од верверичка или од коњ. А емулзијата ја има истата формула што ја купиле татко ми и стрико ми во далечната 1924 година – вели Климент Талев.
      Секој бисер се мачка пет до шест пати, а од едно до друго мачкање треба да поминат најмалку 45 минути до еден час, за добро да се исушат. Талев вели дека не е препорачливо бисерите да се нижат истиот ден кога се направени, туку е најдобро тоа да се прави следниот ден.

таткото од Климент - Ване во работилница 1935
      Многу познати личности од Мaкадонија и од странство носат бисери од Талеви. Едни од нив се претседателот Бранко Црвенкоски, амбасадорката на Кина, сопругата на Јапонскиот амбасадор, вице премиер на Луксембург, сопругата на МНР на Тајван, МНР на Р. Бугарија - Н. Михајлова, Г-ца Фалк Ал Хасад - сестра на Сирскиот крал, Г-ца Евелин Херфкенс - Холандија, Ана Линд МНР на Шведска, Марија Тисен - НАТО, Ридер - Австрија и др.
      Британската кралица Елизабета во својата колекција накит поседува охридски бисер, што во 2001 година и го подари Вилма Трајковска – раскажува Талев.
Кралицата Елизабета носи Охридски Бисер
направен од смејството Талеви

На сликте горе е прикажано како Климент и Ване ги премачкуваат бисерите , рачно, технологија стара повеќе од 80 гоини.